СБ: Годинава пад на економиите од 4,4 проценти поради пандемијата со Ковид-19

Економиите од регионот на Европа и Централна Азија годинава најверојатно ќе ја завршат со пад од 4,4 проценти, што е најтешка рецесија по глобалната финансиска криза од 2008 година, покажува последното издание „Економски извештај за Европа и Централна Азија“ што денеска го објави Светска банка (СБ).
Во него се посочува дека за следната година се очекува раст на економиите од 1,1 до 3,3 проценти иако постојат ризици растот да биде и помал.
-Растот на економиите зависи од состојбата со пандемијата со коронавирусот Ковид-19, можноста за дистрибуција на вакцина и степенот на подобрување на глобалната трговија и инвестициите. Растот ќе биде послаб од очекуваниот доколку се зајакне пандемијата, стои во извештајот на СБ.
Пандемијата во 2020 година, стои во извештајот, се очекува да ја зголеми сиромаштијата во сите земји во регионот, а исто предизвика проблеми и во образованието и здравството.
Ново на Сител
-

Зеленски: Украина е подготвена да отвори шест кластери за интеграција во ЕУ
-

ИРГК: Договор со САД денеска нема да се потпише
-

Пјонгјанг: Прашањето за денуклеаризација е „неповратно завршено“
-

Сончево, температурата до 33 степени
-

Трамп: Договорот со Иран е закажан да биде потпишан утре
-

Орбан реизбран за лидер на партијата Фидес
-

Едно лице е приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Багеи: Договорот со САД нема да биде потпишан утре
