Савевски: Да се почитуваат работничките права
![]()
Носителот на листата на кандидати за пратеници од партијата Левица, Здравко Савевски денеска на средба со битолчани порача да се почитуваат работничките права и да се обезбеди достоинствена работа за квалитетен живот.
Според него, проблемот со невработеноста останува главен државен проблем.
- Проблемот со невработеноста може да се решава на повеќе начини. Во приватниот сектор има голема преангажираност на работниците, односно се случува еден работник да работи за двајца и ако се почитува основното правило еден работник на едно работно место, тогаш во приватниот сектор ќе може да се отворат нови работни места, рече Савевски.
Тој најави и дека Левица по изборите ќе ја избрише вештачката граница меѓу активните и пасивните баратели на работа, ќе го спречи бришењето на невработени лица од евиденција за да се знае колкав е бројот на невработени лица и за нив да се овозможи остварување на правата од статусот невработено лице.
Ново на Сител
-

Тешко повреден кумановец во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово – Скопје
-

Иран дозволи премин на кинески бродови низ Ормуска Теснина
-

12-годишно девојче под присила праќало експлицитни фотографии и видеа на малолетник
-

Уапсен охриѓанец, одзел телефон на германска туристка, нападнал полицајци и во домот поседувал дрога
-

Во деновите од викендот нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер
-

Сиљановска-Давкова: Употребата на придавката македонски не може да се забрани
-

Шји: Кина и САД треба да се партнери, а не соперници
-

Арагчи: Иран не поставува пречки во Ормуската Теснина
