-->
-->
Саул останува во Атлетико
-->
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Саул Нигес, се согласил да го продолжи договорт со клубот на уште една година, што значи дека на „Винсенте Калдерон“ ќе остане до 2021 година.
Саул Нигес има 21 година, ги минал сите младински категории на Атлетико, а оваа сеозна е еден од најдобрите фудбалери во тимот на Диего Симеоне. Одличната сезона која ја има зад себе му донесе и повик во шпанската репрезентација која на ЕУРО 2016 ќе ја брани европската титула.
За Саул во изминатиот период интерес покажуваа неколку еврпски клубови, меѓу кои и Манчестер Јунајтед.
Саул Нигез за првиот тим на Атлетико дебитирал во март 2012 година против Бешикташ во Лига Европа, потоа сезоната 2013/2014 ја мина на позајмица во Рајо Ваљекано, а по враќањето на „Винсенте Калдерон“ е стандарден првотимец.
„Сите во клубот сме среќни што постигнавме договор со Саул, тој е одличен фудбалер“, рекол спортскиот директор на Атлетико, Хосе Луис Каминеро.
Атлетико не ги соопшти финансиските детали од договорот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
По седум години повторно отворен комплексот „Македонско село“
-
Борозан останува во Вардар и следната сезона
-
33-годишно лице нападнато во казино од обезбедувањето на објектот
-
Кривична против 32-годишник, се заканувал со нож и се обидел физички да нападне едно лице
-
Сообраќајка во Скопје помеѓу „ауди“ и службено возило на МВР
-
Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба
-
Мицкоски за најавите за штрајк во М-НАВ: Се закануваат оние кои правеа упад и кои тепаа
-
Денеска средба помеѓу родителите на починатите во пожарот во Кочани и јавните обвинители