Саудискиот принц го хакирал Џеф Безос
Сопственикот на „Амазон“ Џеф Безос, бил цел на хакери, пет месеци пред убиството во 2018 година на саудискиот новинар Џамал Кашоги.
Според „Гардијан“, телефонот на Безос бил хакиран откако добил порака преку „WhatsApp“, испратена од личниот број на принцот престолонаследник на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман.
Според резултатите од форензичката анализа, пораката била шифрирана и содржела заразени податоци.
Безос, кој е и сопственик на „Вашингтон пост“, до 1 мај 2018 година разменувал пријателска преписка, сè додека на телефонот не му стигнала датотека што не ја побарал од саудискиот принц, дознава „Гардијан“.
Од телефонот на Безос за неколку часа била преземени голема количина на податоци, но не се знае какви податоци биле преземени.
Новите информации можат да доведат до повторно отворање на истрага за активностите на Мухамед бин Салман и неговите блиски соработници пред убиството на Џамал Кашоги, кој беше новинар во „Вашингтон Пост“.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите