Саудискиот крал пристигна во историска посета на Москва
Саудискиот крал Салман бин Абдулазиз Ал Сауд синоќа пристигна во посета на Русија, која Москва и Ријад ја оквалификуваат како „историска“.
Неговиот авион синоќа пристигна во московскиот аеродром Внуково, а во текот на денешниот ден ќе има средба со рускиот претседател Владимир Путин. Пред нивната средба ќе се одржи руско-саудиски инвестициски форум, на кој ќе присуствуваат претставници од повеќе од 200 руски и саудиски фирми.
Утре, саудискиот крал ќе се сретне со рускиот премиер Дмитриј Медведев, со кого, според најавите, ќе разговара за заеднички инвестициски проекти.
Односите меѓу Русија и Саудиска Арабија беа тензични во минатото. За време на Студената војна, Саудиска Арабија им помогна на авганистанските бунтовници да се поради против Советскиот сојуз во нивната земја. Но во последно време, билатералните односи се подобруваат, иако во војната во Сирија, Русија го поддржува сирискиот претседател Башар ал Асад, а Ријад е на страната на неговите противници.
Сепак, според очекувањата, главна тема на четиридневната посета на саудискиот крал ќе биде билатералната економска соработка.
Пред почетокот на руско-саудиските преговори на највисоко ниво, воено-индустрискиот комплекс подготви пакет договори, вреден три милијарди долари, пишува „Комерсант“, повикувајќи се на извори од рускиот воен комплекс.
„За денеска не е предвидено потпишување на договорот, но доколку на крајот на состанокот на претседателот и кралот биде постигнат договор, би можеле да почнат преговорите пред потпишувањето на договорот“, наведува весникот.
Меѓу останатото, во договорот се наведуваат и испораки на неколку дивизии противвоздушни ракетни комплекси С-400 „Триумф“.
Министерот за енергетика Александар Новак соопшти дека Ројад е заинтересиран да инвестира милијарда долари во изградба на нафтено-хемиски комплекс, во аеродромот Пулково и во уште 20 проекти во Русија.
Ново на Сител
-
Јавна осуда од Комората на психолози за нападот и навредите на социјалните мрежи
-
Претрес во скопско, пронајдени гранки и стебла од канабис, приведен 50-годишник | ФОТО
-
Приведени тројца возачи во Куманово, управувале возило под дејство на алкохол
-
Малолетник од Гостивар приведен на патот Ресен–Охрид со украдено возило
-
Откриена спомен бистата на полицаецот Тоше Тодоровски, кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“
-
НАТО: Руското нарушување на воздушниот простор е опасна ескалација
-
„Киев Индепендент“: Русија и помага на Кина во подготовките за инвазија врз Тајван
-
Неидентификувани дронови надлетувале над најголемата воена база во Данска