Саудиска Арабија се заканува со продажба на своите активи во САД

Саудиска Арабија и се закани на Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама дека би можела да ги продаде своите активи во банките во САД, чија вредност изнесува околу 750 милијарди долари, јави Си-Ен-Ен.
Според телевизијата, ваквиот потег на Ријад претставува притисок врз Белата куќа со цел да не дозволи Конгресот да го усвои законот со кој би се овозможило покренување судски процеси пред судовите во САД против Владата на Саудиска Арабија во врска со нападите во Њујорк и Вашингтон од 11 септември 2001 година.
Си-Ен-Ен наведува дека претставници на Стејт департментот и на Пентагон одржале тајна средба со американски конгресмени на која ги предупредиле на економските и финансиските последици од евенталното исвојување на овој закон.
Доколку законот биде усвоен, тој ќе овозможи одземање на средства од банкарски сметки на Судиска Арабија во САД на име на отштета за нападите од 11 септември.
Поради ова, според Си-Ен-Ен, Саудиска Арабија најавила дека ќе ги продаде своите активи во американските банки, со цел да оневзоможи користење на овие средства за таа намена.
Според телевизијата, за ваквата намера на Ријад, Белата куќа била информирана од страна на саудискиот министер за надворешни работи Адел ал Џубеир за време на неговата неодамнешна посета на Вашингтон.
Ново на Сител
-

Зеленски: Путин веќе ја започна Третата светска војна
-

Путин: Русија ќе продолжи да го зголемува потенцијалот и борбената подготвеност на вооружените сили
-

Без струја денеска делови од Карпош, Кисела Вода и Бутел
-

Сончево време со умерена облачност
-

Гренланд ја отфрли идејата на Трамп за испраќање медицински брод
-

ЕУ не ги прифаќа новите царини на Трамп, бара од Вашингтон да го почитува трговскиот договор
-

Како со децата со атипичен развој | Огњен Самарџиќ и Добрина Костовска | Sitel Podcast 139
-

Кривична пријава против четири лица за измами со лажни сообраќајки тешки 3,7 милиони денари
