Саудиска Арабија потврди дека распоредила свои авион во Турција
Саудиски воени авиони се распоредени во воената база „Инџирлик“ во јужна Турција со задача да ги засилат операциите против џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Сирија, изјави денеска претставникот на Министерството за одбрана на Саудиска Арабија, бригадниот генерал Ахмед ал Асири.
Во изјава за телевизијата „Ал Арабија“, Асири нагласи дека авионите во „Инџирлик“ ќе извршуваат воздушни мисии во Сирија паралелно со други латала од саудиските воени бази.
Според него, распоредувањето на саудиските авиони во „Инџирлик“ е во рамки на операцијата на меѓународниата антиџихадистичка коалиција предвоена од САД и не претставува билатерална акција на Ријад и Анкара.
Асири воедно нагласи и дека Саудиска Арабија е подготевна да испрати копнени сили во Сирија, кои би се вклучиле во борбата на мешународната коалиција.
- Меѓу силите во коалицијата постои согласност дека е неопходна копнена операција и Саудиска Арабија презеде обврски во врска со тоа, истакна Асиси.
Во меѓу време, официјален Техеран и порача на Саудсика Арабија да не испраќа свои сили во Сирија, предупредувајќи дека тоа би довело до ескалација на сирискиот конфликт.
- Бидете сигурни дека нема да дозволиме состојбата во Сирија да се развива онака како што сака бунотвничката страна, изјави заменик-началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Иран, генерал Масуд Џазајери.
Тој нагласи дека доколку дојде до таков развој на настаните, Иран „ќе ги преземе неопходните мерки“.
- Терористите кои се борат во Сирија се луѓе на Судиска Арабија или на Американците, рече Џазајери, нагласувајќи дека арапските земји, кои ги поддржуваат противниците на сирискиот претседател Башар ел Асад, со најавите за испраќање свои сили во Сирија само „белфираат и водат психолошка војна“
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Костовски, кандидат за градоналачник на Бутел(ВМРО-ДПМНЕ)
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски повика на обединување на општеството, борба против криминалот и судство еднакво за сите
-
Филипче на средба со Сојузот на борците по повод 11 Октомври
-
Доделена наградата „11 Октомври“ за животно дело
-
Нов директор на неврологија во понеделник - Лекарската комора ќе го разгледува случајот со д-р Кузмановски
-
Од куќен, сопственикот на „Марковски компани“ оди во ефективен притвор
-
„Плусинфо“: Сомнеж за ексфункционери на СДСМ вмешани во привилегиите на дискотеката Пулс