Саудиска Арабија го повика Иран да престане да се меша во Ирак
Саудискиот министер за надворешни работи Адел ал Џубеир го повика Иран да прекине со мешањето во внатрешните работи на Ирак, обвинувајќи го дека ги поттикнува верските судири во земјата.
- Доколку Иран сака мир и стабилност во Ирак, треба да престане да се меша во таа земја и да се повлече од неа, изјави вчера Ал Џубеир на заедничката прес-конференција со британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд во градот Џеда.
Сунитското кралство Саудиска Арабија и шиитската Исламска Република Иран се борат за влијание врз Блискиот Исток, особено во Ирак, Сирија и Јемен.
- Присуството на Иран во Ирак во каква и да е форма е неприфатливо, како што е неприфатливо и испраќањето војници од шиитските милиции во Ирак за да играат верска улога во таа земја, изјави саудискиот министер.
Тој го повика Иран да го почитува принципот на добрососедство и да не се меша во работите на земјите од регионот, а на прво место во Ирак.
Иран има воени советници во Ирак и Сирија, кои им помагаат на армиите на двете земји да се борат со вооружените групи, кои и се спротивставуваат на власта.
Ново на Сител
-
Во Кавадарци почна судењето по обвинителен предмет за сомнеж за несовесно лекување
-
„Опен-АИ“ ќе нуди опционална содржина за возрасни во „Чет-ГПТ“, покрај ограничувањата околу возраста
-
Радовишанец со 2,25 промили алкохол во крвта предизвикал сообраќајка
-
Објавени скандалозни снимки за Фатмир Дехари: Морале да му седнуваат во скут и да го бакнуваат, Ангелова: Ова е срам и навреда за сите жени
-
Босанец платил патарина со фалсификувана банкнота од 10 евра
-
Сиљановска-Давкова: Вистинското слепило не е во очите, туку во нечувствителноста на срцето
-
Андоновски: За три до шест месеци Центар за дигитални услуги во Прилеп
-
Следниот викенд завршува летното сметање на времето, на 26 октомври почнува зимското