Саудиска Арабија го повика Иран да престане да се меша во Ирак
Саудискиот министер за надворешни работи Адел ал Џубеир го повика Иран да прекине со мешањето во внатрешните работи на Ирак, обвинувајќи го дека ги поттикнува верските судири во земјата.
- Доколку Иран сака мир и стабилност во Ирак, треба да престане да се меша во таа земја и да се повлече од неа, изјави вчера Ал Џубеир на заедничката прес-конференција со британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд во градот Џеда.
Сунитското кралство Саудиска Арабија и шиитската Исламска Република Иран се борат за влијание врз Блискиот Исток, особено во Ирак, Сирија и Јемен.
- Присуството на Иран во Ирак во каква и да е форма е неприфатливо, како што е неприфатливо и испраќањето војници од шиитските милиции во Ирак за да играат верска улога во таа земја, изјави саудискиот министер.
Тој го повика Иран да го почитува принципот на добрососедство и да не се меша во работите на земјите од регионот, а на прво место во Ирак.
Иран има воени советници во Ирак и Сирија, кои им помагаат на армиите на двете земји да се борат со вооружените групи, кои и се спротивставуваат на власта.
Ново на Сител
-
Пронајдена дрога кај затвореник во Идризово
-
Кривична за 33-годишник кој нападнал две деца
-
Нетанјаху повторно пред судот во Тел Авив за случаите на корупција, неговите министри бараат помилување
-
КАМ со македонска музика и локални производи прослави три децении јубилеј
-
Меџити: Го остваривме ветувањето кон жителите на Батинци, започна изградбата на оградата околу депонијата „Дрисла“
-
Мисајловски во Брисел на министерски состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО
-
Почина сведок во граѓанскиот суд во Скопје
-
Филипче до Црвенковски: Или си СДСМ или не си