-->
-->
Сателитска снимка покажува дека иранскиот танкер плови кон Сирија
-->

Иранскиот танкер Адријан Дарја 1 е во близина на сириското пристаниште Тартус, и покрај напорите на САД да го запленат, покажуваат сателитски слики на компанијата „Максар технолоџис“.
Иранските власти не признаваат дека танкерот плови кон Сирија, пренесува Танјуг. Танкерот, претходно познат како Грејс 1, во понеделникот го исклучи својот систем за автоматска идентификација.
Новите фотографии се совпаѓаат со црно-белата слика претходно објавена на Твитер од американскиот советник за безбедност Џон Болтон, со коментар дека секој што вели дека Адријан Дарија не оди во Сирија, греши.
Танкерот се најде во центарот на конфликтот меѓу Иран и Западот, откако во јули беше заробен во Гибралтар под сомнение дека превезува нафта во Сирија, што претставува кршење на меѓународните санкции. Тој подоцна беше ослободен откако иранските власти ветија дека танкерот нема да замине во Сирија, но САД сè уште се обидуваат да го запленат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ го прославува 36. роденден
-

Филипче: Ни требаат храбри одлуки
-

Стопанска банка и Мастеркард го прошируваат партнерството со поволности за корисниците
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Мицкоски за реконструкција на владата и инфрастуктурни и здравствени проекти на југоистокот
-

Протоколот со Бугарија останува дел од извештајот за напредокот на Македонија
-

Средба Муцунски - Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска
-

8 години од Преспанскиот договор
