Сасоли: Блокадата на Скопје и Тирана покажува дека се потребни реформи во ЕУ
Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли одговарајќи на новинарско прашање ја издвои блокадата на Македонија и Албанија во Европскиот Совет како пример зошто е потребна промена на правилата во Европската Унија.
Европскиот парламент е во процес на размислување за реформи во повеќе области на процесот на одлучување на ЕУ, како на пример во делот на правото на вето, на законодавната иницијатива на Парламентот, како и консултациите со националните парламенти, за да обезбеди пофункционална Европска Унија, порача шефот на Европарламентот.
– Видовте што се случи на последниот Совет, Парламентот, Комисијата, претседателството и 25 од 28 земји членки рекоа „да“ за почеток на преговори со Македонија и Албанија, но одлуката беше блокирана од три земји, затоа мислам дека е добро да ги ревидираме нашите правила, изјави Сасоли.
Како што јави дописничката на МИА од Брисел, тој истакна дека правилата на ЕУ се добри само ако водат до позитивни резултати и ги повика и медиумите да помогнат во пренесувањето на пораките на Парламентот и другите европски институциите.
Ново на Сител
-
Поранешниот министер за економија Бектеши ќе биде сослушуван во ОЈО Кочани
-
Приведен 32 годишник, подметнал пожар во две штали
-
Повреден 34 годишен скопјанец, бил удрен со електричен тротинет
-
Мицкоски: Утре започнува теренска контрола на сите субјекти регистрирани како кабаре, дискотеки или ноќни клубови
-
Граѓаните што протестираа во Кочани револтот го искажаа и пред куќата на градоначалникот во оставка
-
Граѓаните што протестираа во Кочани ја гаѓаа со јајца и камења куќата на градоначалникот во оставка
-
Обвинителство бара притвор за Крешник Бектеши
-
Бектеши задржан во полициска станица - Засега нема правна квалификација, вели неговиот адвокат