Македонија
5. December 2018 - 16:41

Сашо Мијалков останува во притвор, Кривичниот совет ја одби жалбата

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков останува во притвор. Кривичниот совет за организиран криминал и корупција од Основниот суд Скопје ја одби жалбата со која Мијалков и неговите адвокати бараа укинување на мерката.. Во соопштението на судот не се наведуваат детали за одлуката на кривичниот совет.

„По произнезување на странките како и ценење на фактите и доказите во жалбата, советот донесе решение со кое ја одби жалбата и го потврди решението на судија на претходна постапка, на начин што определи мерката притвор да продолжи да опстојува“, пишуваат од Основниот суд Скопје 1.

Мијалков е во притвор за предметот „Империја“, Претходно по барање на специјалното јавно обвинителство, тој беше притворен за предметот „Таргет – Тврдина“ бидејќи обвинителството имало докази дека Мијалков сака да побегне од државата. Викендов, судија на претходна постапка го укина тој притвор и по барање на СЈО му се одреди нов. Обвинителството ја побарало таквата мерка заради влијание врз сведоци.