САСА: Повредениот рудар е во добра здравствена состојба

Здравстевна состојба на повредениот работник во рудникот САСА е добра, соопштија денеска од рудникот потврдуавјќи го инцидентот што се случил вчера.
Од Рудникот, раководејќи се според стандардите и процедурите за безбедност и здравје при работа, ја информираа јавноста дека вчера во 3 часот и 23 минути, при редовно извршување на работни задачи во една од рудничките јами се случил одрон на парче руда при што еден работник се здобил со повреда – расекотина на натколеницата.
– Постапувајќи согласно процедурите за безбедност и здравје при работа во рудникот САСА, на повредениот работник веднаш, од страна на медицинско лице му била пружена неопходната прва помош во амбулантата на рудникот САСА. Откако повредата била првично санирана, работникот, со амбулатно возило на рудник Саса, во придружба на медицинското лице, е пренесен во амбуланта во Македонска Каменица, каде е прегледан од страна на дежурен лекар и е препратен во медицинскиот центар во Кочани за понатамошни испитувања. Според последните информации од лекарите, моменталната здравствена состојба на работникот е добра, наведуваат од рудникот.
За настанот, се посочува, известени се сите надлежни органи, како и раководството на рудник САСА, кое согласно процедурите за безбедност и здравје при работа во компанијата, ги преземаат сите неопходни дејствија за утврдување на сите околности кои довеле до овој настан.
-Грижата за безбедноста при работа и здравјето на вработените има највисок приоритет во рудникот САСА. За да се постигне висок степен на безбедност и заштита при работа рудникот ги имплементира најстрогите меѓународни практики и стандарди, вклучувајќи го и системот за управување со безбедноста и здравјето при работа OHSAS 18001. Во тие рамки, помеѓу останатото, секој вработен е обезбеден со комплетна лична заштитна опрема, се организираат редовни обуки за сите вработени на теми од областа на безбедноста и здравјето при работа, воведени се задолжителни редовни медицински прегледи на сите вработени, формиран е диспечерски центар за континуирано следење на состојбите во рударските јами и останатите постројки, целосно е опремена амбуланта со постојано дежурство на медицинско лице, како и санитетско возило со комплетна опрема, стои во соопштението од Рудникот за олово и цинк – САСА.
Ново на Сител
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Зеленски: Испораките на ракети за воздушна одбрана на Украина се трипати помали од минатата година
-

Полицаец наплаќал казни во кеш наместо преку ПОС-терминал, парите ги земал и приложувал стари уплати
-

Историски чекор за Иџе: Прв возач од Балканот со прототип „Норма“, само 12 вакви болиди во светот
-

Трамп: САД и Иран водат „многу добри разговори“, можен договор за Ормуската Теснина
-

Андоновски: Компаниите електронски можат да поднесат барање за издавање уверение од кривична евиденција од основните судови
-

Маж од Скопје загина откако врз него паднало дрво при нелегална сеча во струшко
-

Уапсен 15-годишник кој возел камион без возачка дозвола
