САС: МПЦ има потреба од грижа и негување на земни блага за добробит на својата структура
Македонската православна црква е институција со најдолговековна традиција на постоење на овие простори. Тоа придонело Црквата да поседува свој имот со чие управување не се нарушени ниту црковните каноните, ниту, пак, Божјите заповеди, а е во согласност со државните закони. МПЦ има потреба од грижа и негување на земни блага за добробит на својата структура, па од таа причина таа е повикана, имотот кој го поседува, домаќински да го стопанисува, а преку тоа да може да ја извршува својата мисија и исконска примарна задача за доброто на својот верен македонски народ.
Ова се наведува во соопштението од Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архипиекопија во врска со, како што се наведува, интересот кај медиумите во однос на МПЦ, а поконкретно со правото на сопственост и поседување на црковен имот.
– Уште од најрани времиња, од апостолско време па до денес, луѓето кои ја сочинувале и управувале со Црквата, располагале со имоти кои биле користени за добробит на заедницата. Црквата е возглавена од Богочовекот Христос, но неа ја сочинуваат луѓе – верен народ, свештенство, монаштво и епископство. Како и секој човек што има потреба, а и долг кон Божјото создание (Бит. 1, 26-27), да се грижи за својата душа и тело, кое е храм на душата, така и ние како Богочовечки организам сме повикани да се грижиме за одржување на довереното од Бога, онака како што постапил верниот слуга кон својот господар и ги умножил талантите (Мат. 25, 14-28), стои во соопштението од САС на МПЦ-ОА.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Покажавме дека Скопје може да оди напред, наследивме целосен копалс на градот без преседан
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“
-

Трамп: Во наредните 10 дена ќе се знае дали ќе има договор меѓу САД и Иран
-

Шведска вети уште 1,2 милијарди евра воена помош за Украина
-

Редок вид на чапја се гнезди крај Дојранското езеро
-

Мицевски - Ле Риголер: Собранието двигател на реформските процеси кои не’ приближуваат до европските стандарди
-

Реализирана исплатата на речиси 10.000 овоштари
-

Силна порака од Роберто Росети за квалитет и поддршка: Напредна едукација и ФИФА амблеми за македонските судии

