Свет
7. February 2017 - 11:52

Саркози пред суд поради аферата за финансирањето на кампањата во 2012 година

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде изведен пред суд поради обвинението деа нелегално земал пари за финансирање на својата кампања за претседателските избори во 2012 година.

Уште 13 лица ќе бидат изведени пред суд поради аферата, која вклучува обвиненија за прекумерно трошење и собирање на пари за кампањата на нелегален начин.

Одлуката за изведување на Саркози пред суд донесена во време кога француските политичари се соочуваат со зголемена контрола над нивните лични финансии во време кога почнува овогодинешната кампања за претседателските избори, што ќе се одржат во април и во мај годинава.