-->
-->
Саркози го чека судење поради злоупотреба на службена положба
-->
На поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе му се суди поради злоупотреба на својата позиција за да добие информации за истрага во врска со нерегуларностите во неговата изборна кампања 2007 година, изјави денеска извор од истрагата.
Иследниците открија врз основа на телефонски разговори, кои ги преслушувале во врска со одвоен случај, а кои се однесуваар на финансирањето на кампањата на Саркози, во што учествувал и поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи.
Адвокатите на Саркози најавија дека тој ќе се жали на одлуката да му се суди.
Саркози беше претседател на Франција од 2007 до 2012 година. Него на избори го победи социјалистот Франсоа Оланд.
Од 2012 година, Саркози е соочен со обвинувања за корупција, кражба, фаворизирање и нерегуларност во врска со финансиската кампања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пoглаварите на МПЦ и СПЦ и високи гости од Србија, Р. Српска и Црна Гора на Светославска академија во Скопје
-
Светосавска академија во МНТ, патријархот Порфириј меѓу гостите во Скопје
-
Тема на денот со Иван Стоилковиќ, вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците
-
Побарано изземање на обвинителката во случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Филипче обвинува за политичка хајка против него за скандалот на онкологија - Мизрахи тврди дека тој се правдал
-
Без мотор и со делови од други возила - министерското БМВ на Груби пронајдено во сервис во Куманово
-
Борците од НОБ бараат Касами да не ги менува имињата на улиците
-
Во Струмица активиран алармот за загадениот воздух, ПМ 10 честичките пак го надминаа критичниот праг