Македонија
9. September 2019 - 9:11

Санкционирани 47 возачи на мотори во Скопје, вкупно близу 200 казни за возачи

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 08.09.2019 во времето од 06,00 до 24,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење сомоторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 33 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се 57 останати прекршоци за кои се издадени 12 мандатни платни налози и 45 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај на 08/09.09.2019 во времето од 19,30 до 01,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачите на мотори на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 47 возачи. Откриени се и 42 останати прекршоци,