Македонија
11. March 2024 - 8:49

Санкционирани 208 возачи во Скопје, брзо возеле 131 возач

На територија на градот Скопје изречени се вкупно 208 санкции во текот на вчерашниот ден. Од нив, за возење повеќе од дозволената брзина - 131 санкција, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за управување под дејство на алкокол, наведуваат во утринското соопштение од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Се апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.