Санкционирани 206 возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 206 мерки. Меѓу нив, за возење повеќе од дозволената брзина 59 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, се наведува во денешното соопштение од Министерството за внатрешни работи.
- Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за не користење сигурносен појас, шест мерки за возење под дејство на алкохол..., пишува во соопштението.
Од МВР информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесе за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Тајсон му залепи шамар на Џејк Пол во последното соочување | ВИДЕО
-
Зеленски следната недела ќе претстави план од 10 точки за внатрешна безбедност
-
Четири пожари на отворено изминатото деноноќие
-
Продолжува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025
-
Од денеска задолжително поседување зимска опрема
-
Продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
-
Седница на Комисијата за социјална политика, демографија и млади
-
Трет обид на бугарските пратеници да изберат претседател на Парламентот