Македонија
18. September 2023 - 15:53

Санкционирани 194 возачи викендов на подрачјето на Куманово

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи. Притоа, на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 194 возачи, информираше денеска Министерството за внатрешни работи.

- Од нив, 123 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 45 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 21 за управување возило без возачка дозвола и пет за нерегистрирано возило, се појаснува во соопштението.

Сообраќајните контроли, како што додаваат од МВР, продолжуваат и во наредните денови.

- Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, пишува во соопштението.