Санкциониран возач, се движел со брзина од 178 километри на час

Санкционирано е лице од Радовиш кое управувало возило со брзина од 178 километри на час надвор од населено место. Како што информира МВР, станува збор за П.К.(33) против кого се преземени соодветни мерки.
Мобилната единица на МВР вчера попладне, во 18:55 часот, на експресниот пат Штип - Радовиш, го пресретнала П.К. со специјално возило - пресретнувач и измерила брзина на движење на неговото патничко моторно возило „мерцедес" со скопски регистарски ознаки од 178 километри на час надвор од населено место каде што максималната дозволена брзина е 110 километри на час.
-Сообраќајните контроли со специјалните возила - пресретнувачи продолжуваат и во наредниот период на територијата на цела држава, со цел санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот. Управувањето на моторни возила со брзина поголема од пропишаната е една од главните причини за сообраќајни незгоди, кои најчесто резултираат со тешки последици по имотот, здравјето и животот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта, наведува МВР нба својот фејсбук профил.
МИА
Ново на Сител
-

Кога Македонците ќе зборуваат во Унијата по цени како дома?
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Низа настани за одбележување на 75-годишнината на Државниот архив
-

Дизелот поскапува, бензинот БС-95 поевтинува: Нови цени од полноќ
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Подгответе се за долги редици на граничните премини со ЕУ, од петок стартува новиот систем
-

Студентите албанци на протест: Бараат полагање на правосуден испит и на албански јазик
