Санирано свлечиштето во Студеничани

Заврши регулацијата на коритото на реката Мериз во централното подрачје на селото Студеничани при што се изградени потпорни ѕидови од двете страни на реката, а санирано е и нестабилното свлечиште во горниот дел на селото со примена на најсовремени методи за стабилизација и заштита од свлекување.
Како што информираат од УСАИД Македонија и Милеуконтакт Македонија, проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени им помогна на граѓаните на Студеничани да станат поотпорни на климатските промени при соочување со појави како поплави, ерозија и лизгање на земјиштето, како и да се избегнат можни материјални штети и човечки загуби во иднина.
За овој пилот проект УСАИД донираше 82 илјади долари, а општината учествуваше со 20 илјади долари.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту едно пратеничко прашање од СДСМ за случајот Груби
-

СДСМ: Српски служби во случајот Груби
-

Кочани на достоинствен начин ќе ја одбележи годишнината од трагедијата во „Пулс“
-

Во Центарот за нега при Црвениот крст има десетина негуватели и 15-тина лични асистенти
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Има докази зошто Груби е во домашен, наместо во затворски притвор
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски
-

Македонија ја има хрватската поддршка за ЕУ
