Loading Video...
Свет
12. February 2020 - 16:31

Сандерс победи на внатрепартиските избори во Демократската партија во Њу Хемпшир

Претседателскиот кандидат, Сенаторот од Вермонт Берни Сандерс победи на изборите во Њу Хемпшир.

За  Сандерс гласале 26 проценти од гласачите, за Пит Бутиџич, поранешен градоначалник на Саут Бенд, Индијана, гласале, 24 проценти, а сенаторката Ејми Клобучар 20 отсто. Сандерс на својот ривал Трамп му порача дека ова е почеток на неговиот крај.

- Сакаме јасно да кажеме дека во оваа кампања, ние се спротиставуваме на милијардерите и на кандидатите кои се финансирани од милијардерите. Но ќе победиме затоа што имаме агенда која зборува за потребните на работните луѓе во целата држава. Здравствената заштита е човеково право а не привилегија! Богатите и моќните конечно ќе почнат да плаќаат фер дел на даноците. Јавните колеџи и универзитети ќе ги ослободиме од школарина и ќе го откажеме целиот студентски долг, порача Сандерс.

Со победата во Ајова и успехот во Њу Хемпшир, Бутиџич досега има освоено 23 делегати, додека Сандерс има освоено 21 делегат. За добивање номинација претседателски кандидат потребно е да се освојат 1,991 делегат.

Двајцата добро ќе ги мерат силите во големите држави како Калифорнија, Тексас, Масачусетс или Вирџинија.