„Сандеј тајмс“: ЕУ го пролонгира брегзит до февруари 2020 година
Европска Унија ќе го одложи Брегзит до февруари 2020 година ако британскиот премиер Борис Џонсон во текот на неделата не добие поддршка од Парламентот за договорот за излегување на Велика Британија од ЕУ, објави британскиот весник „Сандеј тајмс“.
– Одложувањето би било со променлив карактер, што значи Британците би можеле да излезат од ЕУ и порано во ноември, декември или јануари, зависно од тоа кога ќе биде ратификуван договорот, наведува „Сандеј тајмс“.
Според весникот и европските земји нема да донесат одлука за потенцијално одложување додека не проценат дали договорот утре ќе биде изгласан или не во британскиот Парламент.
Британскиот весник наведува дека во случај Џонсон се соочи со сериозни проблеми или пратениците инсистираат на втор референдум, тогаш земјите членки на ЕУ, предводени од Германија ќе бараат подолго одложување.
Британските пратеници во саботата со 322 гласови „за“ и 306 „против“ го пролонгираа гласањето за договорот за брегзит, поради што Џонсон официјално побара одлагање на излегувањето на Велика Британија од ЕУ, при тоа нагласувајќи дека тој лично е против пролонгирање на Брегзит.
Ново на Сител
-
Политичките партии со осуда за ксенофобијата на трибини во Куманово, но и со меѓусебни обвинувања
-
Меџити и Лимани остануваат министри и во кампањата - Гаши неделава ќе распише избори
-
Независните почнаа со собирање потписи
-
Утре ќе биде распишан огласот за нов претседател на Антикорупциска
-
Владата повторно ќе воведе „Училишната кошничка“ за да не поскапи цел прибор пред први септември
-
СДСМ: Матни зделки во енергетиката, зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи дали Алказар има одобрение за градба?
-
Дождовите помогнаа, пожарите под контрола
-
Преглед на вестите од светот