Санација на оштетени улици во Велес

Во Велес денеска започна санација на оштетените главни велешки соообраќајници.
Како што информира Снежана Дервишова од службата за градежништво на Општина Велес, работите ќе продолжат и утре и во понеделник, a во зависност од временските услови.
- Денеска во месноста „Дворови“ во Велес со бекатон плочки се уреди улицата „Трајко Панов“ која води кон градинката, а таму се бетонира и улицата „Благој Абрашев“. Се поплочува улицата „Прохор Пчински“ која води кон градската црква „Св Спас“. Се уредуваат и улиците „Мицко Козар“ и „Киро Ќучук“. Се поплочи и дел од улицата „Христо Узунов“ и се доуредува паркингот кај Градското пазариште.
Таа појаснува дека како и порано и сега има можност граѓаните да земат градежен материјал од општината и сами да бетонираат своите улици каде што живеат.
Така жителите од Башино Село веќе побарале градежен материјал и ќе ја бетонираат улицата која води до црквата и жителите на „Славе Евтов“ на Камено брдо во Велес.
Дервишова информира дека градежни екипи ангажирани од Општина Велес уредија улица во велешко Горно Оризари а ја асфалтираа и улицата во Сателитската Населба кај Езерото „Младост“.
Таа најави дека ќе се уредат и улици во велешките села Црквино и Иванковци и други села.
Ново на Сител
-

Филипче: Драстичен пад на странските инвестиции - дебакл на Мицкоски
-

Пуштена во сообраќај обиколницата околу Крива Паланка
-

Редовната проверка на пулсот може да спречи мозочен удар
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
