-->
-->
Сана Марин негативна на тестот за дрога по видеото на кое се забавува
-->
Премиерката на Финска, Сана Марин е негативна на тестот за дрога, информираше Владата, откако таа беше видена како танцува, пее и пие на забава.
Триесет и шестгодишната Марин во петокот се согласи да направи тест по реакциите околу нејзиното однесување. Таа рече дека никогаш не зела дрога и негира дека правела нешто нелегално на забавата. Марин кажа дека пиела алкохол.
На интернет се појави видео како таа се забавува со пријатели, вклучувајќи и финска поп ѕвезда, па доби критики од политичари, како и барање да направи тест за дрога. Премиерката самата си ги платила трошоците за тестот. Претходно месецов, Марин беше прогласена за „најкул премиер во светот“ од страна на германскиот весник Билд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Загина 52-годишно лице откако со мотоцикл удрил во паркирано возило
-
Турчин пронајден мртов во хотел на Бит Пазар
-
Неготинец тешко повреден при пад од мопед
-
Приведени кавадарчани за непочитување полициски наредби на фудбалски натпревар
-
Трамп: Путин и Зеленски ќе организираат состанок за прекин на огнот во Украина
-
Орбан: Светот е побезбедно место по самитот Трамп-Путин
-
Приведен кумановец, возел со 3,43 промили алкохол во крвта
-
Од утре попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи