„Самсунг“ паметниот телефон со троен преклоп оди на продажба само во две земји
Воопшто првиот тројно преклопен паметен телефон на „Самсунг“ (Samsung), којшто би можел да го добие називот „Галакси Ге фолд“ (Galaxy G Fold), е предмет на гласини со години. И, сега, се чини, оваа година, конечно пристигнува, објави порталот „Кликс“.
Но, лошата вест е дека, најверојатно, телефонот ќе биде достапен само во две земји.
Ваковиот потег на „Самсунг“ е веќе виден, бидејќи и специјалната серија „Галакси Зед фолд“ беше лансирана само во Јужна Кореја и Кина. Ако им се верува на најновите информации, претстојниот паметен телефон со троен преклоп, исто така, најверојатно ќе се продава само на овие два пазари.
Уредот е развиен под кодното име „Ку-7-М“ (Q7M), според наводите.
Новитетот би можел да пристигне на пазарот во октомври, но сè уште нема потврда за тоа. Од друга страна, јасно е дека производството ќе биде во многу ограничен број, што можеби ја објаснува ограничената достапност на само два пазари.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-
Сиљановска Давкова: Идентитетските прашања се надвор од било која преговарачка рамка
-
8 македонски државјани од Израел се враќаат дома
-
Не се смирува небото на Блискиот Исток - петти ден од конфликтот помеѓу Израел и Иран
-
По посетата на кочанската болница, Алиу веќе доби барање за вработување на неопходен кадар во установата
-
Талески: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку пари од донации земале од осомничените од Пулс
-
3500 потписи за независна кандидатура во Скопје
-
Пратени писмата кон 22 потенцијални кредитори за финансирање на брзата пруга