Самсоненко дел од тренерскиот тим на ЖРК Вардар
Женскиот ракометен клуб на Вардар по стартниот нерешен резултат со ФТЦ во Лигата на шампионите во петокот донесе одлука да ја смени Индира Кастратовиќ, а од саботата со ракометарките работи Аце Станковски (помошник на Кастартовиќ). На денешниот прес пред дуелот со Лајпциг, сопственикот на клубот Сергеј Самсоненко изјави:
- Тешко беше да се донесе ваква одлука. Бараме тренер, но нема да брзаме не сакам да погрешиме во избор. Со тимот ќе раководи тренерски тим (јас, Едуард Кокшаров и Аце Станковски), а јас сум одговорен за играта и резултатите. Лани со исклучок на полуфиналето одигравме добра сезона. Овие денови во работата ќе ни помага и Давид Девис Камара, но тој останува со да работи со машката екипа.
За смената на Кастратовиќ, претседателот на клубот Гордана Нацева напомена:
- Управата на клубот беше незадоволна од неубедливиот старт и нерешениот резултат со ФТЦ. Индира Кастратовиќ е од почетокот во Вардар, воедно понудено и е да остане во клубот со цел да се искористи нејзиното искуство.
Ново на Сител
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово е срамна
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Тема на денот со Гоце Димовски, директор на ТИРЗ
-
Македонски културно-информативен центар во Белград