Самоубиство во Тетово

Безживотното тело на С.И.(26) од Тетово било пронајдено денеска во двор од куќа на улицата „176“ во градот информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Според неговите податоци случајот во полиција бил пријавен околу 11 часот и 30 минути од вработен во тетовската клиничка болница. Телото на починатиот било на бетонската подлога во дворот.
- По пријавата на посоченото место веднаш биле испратени полицајци а потоа и увидна екипа со јавен обвинител, лекар по судска медицина и екипа од СВР Тетово кои извршиле увид и констатирале дека 26-годишниот тетовец е без знаци на живот. По наредба на јавниот обвинител врз неговото безживотно тело ќе се врши обудкција и ќе се рачистуваат сите поединости поврзани со случајот рече Јосифовски.
Според неофицијални податоци од истрагата најверојатно станува збор за самоубиство со скокање од терасата на куќата на сега починатиот кој подолго време имал сериозни психолошки проблеми.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со манипулации прави лажен проевропски имиџ
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
