Самоубиство на американскиот професор кој уби еден свој колега

Американскиот универзитетски професор Шанон Лемб (45) кој беше осомничен за убиство на еден свој колега, се самоуби, бегајќи од полициската потера, соопшти полицијата на сојузната држава Мисури.
Лемб, професор по географија на Универзитетот Делта, во близина на градот Кливленд, недалеку од границата меѓу Мисури и Арканзас, беше обвинуван дека го убил својот колега Итан Шмит.
Убиениот беше професор Шмит им предавал историја на студентите и важеше за експерт за историјата на американските Индијанци и за колонијалното време во Северна Америка. Неговото убиено тело беше најдено во неговата канцеларија во универзитетскиот кампус.
Кога полицијата дошла да го уапси осомничениот Лемб тој зборувал дека „нема да дозволи да биде одведен во затвор“ но сепак влегол во полицискиот автомобил. Во еден момент на невнимание на полицаецот, излегол од возилото низ отворениот прозорец и почнал да бега.
Повеќемина полицајци тргнале по него, но пред да го настигнат, слушнале истрел, по што го откриле безживотото тело на Лемб.
Засега не се снае мотивот за убиството на Шмит.
Полицијата на Мисури го обвинува Лемб и за убиството на Ејми Прентис (41) која е најдена мртва во нивниот заеднички стан во градот Готрир.
Во Делта Универзитетот во Мисури студираат повеќе од 3.500 студенти. ти/нд/13:25
Ново на Сител
-

Предлог-буџетот утре на амандмантска расправа
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Повторно одложено судењето за случајот со родилката Веапоска
-

Преглед на вестите од светот
-

Извештајот за напредокот на Македонија презентиран во Парламентот
-

Со торта во Брисел, Албанија го прослави отворањето на последниот кластер од преговорите со ЕУ
-

Во 34 години македонскиот Устав е сменет 8 пати, претседателот на Уставен повикува на негово почитување
-

Авто-школите ги поскапеа обуките за 35%
