Самостојна изложба на Иво Пецов во Виница
Во галеријата „Венеција“ во Виница е отворена 10-тата самостојна изложба „Меѓуодноси“ на Иво Пецов, ликовен уметник од Виница.
На изложбата се поставени слики работени во техниките акрилик на хартија и масло на платно.
- Изложбата е составена од слики во кои преовладуваат темите „Меѓуодноси“ и „Нетрајно’. На сликите, светлите бои евидентно се менуваат со темни нијанси, но сепак сме осамени втурнати во вителот на бесмислен натпревар во кој победува алчноста која не одалечува од сопствената суштина, истакна промоторот Орце Павлов, професор по литература од Виница.
Изложбата е проект поддржан од Министерството за култура и Здружението на уметници „УМ“ од Виница и ќе биде отворена до 9 јануари.
Пецов е доктор по ѕидно сликарство, а живее и работи во Софија во Културно-информативниот центар на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Tешко повреден мотоциклист откако се судрил со автобус
-
Обвинителството бара притвор за пет лица опфатени со вчерашната акција за сомнителни набавки на мазут
-
Едно лице повредено при превртување на шлепер меѓу селата Фариш и Раец
-
Изгласани интерпелациите на петте члена на Судскиот совет
-
Трамп: Царините за канадскиот челик и алуминиум ќе бидат 50 проценти
-
Сопружници од Прилеп измамени за 900.000 денари
-
22-годишник од Велес со бензин запалил паркирано „ауди“
-
Малолетник убил куче со огнено оружје во село Муртино