Самостојна изложба на Ангелина Спировска во Музеј на Град Скопје

Музејот на Град Скопје вечер организира прва самостојна изложба на Ангелина Спировска (1992) насловена „Криптолити“, по повод наградата „Борко Лазески“ која авторката ја доби во 2014 година.
Во договор со семејството на уметникот Борко Лазески, Музејот на Град Скопје прифати секоја година да организира самостојна изложба на студент од Факултетот за ликовни уметности од Скопје, кој во претходната учебна година ја освоил наградата „Борко Лазески“ за инвентивни достигнувања во сликарскиот оддел.
- Делата од проектот „Криптолити“ имаат кружна форма како асоцијација на погледот низ тубусот од микроскопот низ кој Спировска открила некој, за неа фасцинантен свет на структурата на камењата (криптолити) кои ги гледала низ него, соопшти Музејот за изложбата на Спировска.
Таа минатата година дипломирала на ФЛУ, насока сликарство со модул реставрација и конзервација. Еден семестар од школувањето го завршила на факултетот Siena Art Institute во Италија, како стипендист на американската фондација Paul Getty (2012).
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
