Самоопределување преку протест ќе бара оставка од главниот обвинител на Косово
Опозициското Движење Самоопределување (ВВ) денеска ќе одржи протест против главниот обвинител на Косово Александер Љумези, со барање за негова оставка, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според партијата на Албин Курти, Љумези нема преземено ништо против криминалот и корумпираните власти.
– Тој не ја врши својата работа против криминалците. Ги нема покренато потребните обвиненија, ниту за мафијашите, ниту за сексуалните злосторници, ниту за корумпираните властодршци. Затоа криминалците благодарение на него се слободни, па дури и моќни, се наведува во соооштението во кое се повикуваат граѓаните на протест во косовскиот главен град денеска во 11:55 часот.
ВВ најавува дека протестот ќе биде мирен и ќе се бара оставка од главниот обвинител „кој не си ја врши својата работа, а прима седум плати месечно“.
Партијата на Курти последниве недели организира и средби со граѓаните низ сите косовски градови, со цел мобилизација за протести за уривање на Владата на Рамуш Харадинај и смена на претседателот на државата, Хашим Тачи.
Ново на Сител
-
Путин: Резултатот од војната во Украина треба да биде долгорочен мир и безбедност за Русија
-
Рубио: Русија подготвува документ со барања за прекин на огнот во Украина
-
Во Ватикан почна инаугуративната миса на папата Лео Четиринаесетти
-
Ресенчанец возел со 2.38 промили алкохол во крвта и без дозвола
-
Земјотрес со јачина од 3.4 степени почувствуван во Охрид и Струга
-
Претреси во Струмица и Гевгелија, пронајдена дрога, уапсени три лица
-
Најмногу дожд наврна во Скопје
-
МЕПСО: Поради нискиот транзит на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа