-->
-->
Само победа во мислите на ракометарите на Македонија
-->
Ракометната репрезентација на Македонија вечерва го одработе последниот тренинг пред утрешниот старт од квалификациите за Европското првенство 2018 година што ќе се одржи во Хрватска. Во Скопје ќе гостува Украина, а од нашиот табор посакуваат победа за старт на новиот квалификациски циклус.
Капитенот Кирил Лазаров во пресрет на утрешниот натпревар изјави:
- Ова е нов квалификациски циклус. Примарна цел е да се пласираме на Европското во Хрватска, но ова е нешто сосема поинаку од она што не очекува за два месеци на Светското првенство во Франција. Пласманот на Европското е добар и од причина што е во Хрватска, каде во 2009 година на Светското постигнавме успешни резултати со помош и на нашите навивачи. Не смее да има изненадувања, Украина може да биде незгоден ривал. Тоа е млада селекција, но добро селектирана. Ние сме во изменет состав, но верувам во нас и очекувам прва победа и потоа пласман на ЕП.
Поради клупските обврски Дејан Манасков се приклучи меѓу последните:
- Ова е неатрактивна група со Украина, Чешка и Исланд. Но никого не смееме да потцениме. Ќе одиме натпревар по натпревар. Имавме два дена за подготовка за Украина и на терен треба да покажеме дека сме подобри од нив и да почнеме со два бода.
Натпреварот Македонија – Украина се игра утре во „ВИП Арена“ во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18:30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Владата најавува системско решение за Ѓавато и Дојранското Езеро
-
Дали Стоматолошката комора работела незаконски ќе испитува Обвинителството
-
Онколошки пациенти реагираат за партиципацијата на „анастрозол“ и „летрасан“
-
Левица го кандидираше Амар Мециновиќ за градоначалник на Скопје
-
Ќе се ослободат 60 паркинг места во Старата скопска чаршија
-
Продолжува негативниот тренд на намалување на бројот на првачиња
-
Само една компанија се јави на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Колкави се шансите некои општини да не изберат градоначалник?