Само казна од 45 евра за возачот на „Бентлито“
Нема построга казна за возачот на „Бентлито“ кој влета на скопскиот плоштад меѓу луѓе, иако градоначалникот Петре Шилегов и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски најавија дека казната не е доволна дека случајот нема да заврши со глоба од 45 евра. Бидејќи арачиновецот беше прекршочно казнет, од Обвинителството за „А1он“ појаснуваат дека според пресудите на Европскиот суд за човекови права, тој не може да биде и кривично гонет. Според ова, најавата на Шилегов, за како што рече, поинаков вид на кривична одговорност, е невозможно да се реализира. Досега, до Обвинителството никој нема доставено ниту кривична пријава.
„Доколку биде поднесена таква пријава, јавното обвинителство ќе ја анализира и согласно обезбедените докази ќе процени дали во конкретниот настан е сторено кривично дело кое се гони по службена должност. Инаку, на учесникот во сообраќајот веќе му е изречена парична глоба од Министерството за внатрешни работи заради сторен сообраќаен прекршок. Притоа, појаснуваме дека според пресудите на Европскиот суд за човекови права, кои се извор на правото и за домашните јавни обвинителства и судови, доколку едно лице прекршочно одговара за еден настан истото не може да биде гонето и кривично“, велат од Обвинителството за „А1он“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден