Македонија
21. March 2020 - 11:21

Само едно лице од тетовско побарало од Црвен крст да му донесе храна и лекови

Само едно лице побарало помош досега од волонтерите на општинската организација на Црвен крст Тетово да му биде донесена храна и лекови, информираат од таму.

– Станува збор за лице во самоизолација во насока на превенција од ширење на коронавирусот. Покрај нив и сите други, особено стари, изнемоштени и осамени лица може да се јават во општинска организација на Црвен крст Тетово за набавка на храна, хигиена и лекови, истакна Шкљќим Мурати, генерален секретар во оргнизацијата.

Телефонскиот број на кој треба да се јават луѓето е 044-336-374 секој работен ден од 09:30 до 13:00 часот.

-Трошокот за набавката ќе биде на тие што ја бараат услугата, односно самите да обезбедат средства за купување на храна и лекови. Граѓаните ќе можат да ја најават потребата секој работен ден, а услугата – дистрибуцијата ќе биде достапна еднаш неделно во Петок, од 10:00 до 13:00 часот, рече Мурати.