-->
-->
Само една споделена фотографија ја промени судбината на две кученца
-->
Само една споделена фотографија ја промени судбината на две кученца. Кучињата Кала и Кира требало да бидат успиени, но откако здружение за спасување на животни сподели фотографија на која уплашените кучиња се прегрнати, нивната приказна доби среќен крај.
Само 2 часа и 6 минути откако здружението „Angels Among Us“ ја објави фотографијата, волонтер се пријавил да ги вдоми кученцата и со својата добродушна постапка им го спасил животот.
Од здружението од Атланта, Џорџија, споделија и втора фотографија од Кира и Кала со новиот сопственик. „Тие се безбедни. Не постојат зборови со кои можеме да ви опишеме колку сме среќни што овие најдобри пријатели се безбедни и заедно“ – пишува на постот на Facebook.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од 12-ти октомври почнува воведување на системот за влез и излез од ЕУ, ќе важи и за македонските граѓани
-
Во Кочани над 50 наставници без договор за работа, учениците без настава
-
Недостига стручен кадар во земјава
-
Преглед на вестите од светот
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања