Само чудо го спаси Радомир: Лежеше во локва крв, па му ги поврзаа нозете
Радомир Беловиќ (21) од Равни Тополовац е еден од повредените во страотниот масакр во Житиште. Кобниот ден се здобил со прострелни рани во двете нозе и е сместен во болницата во Зрењанин.
Во неговиот дом била само бабата Драгиња, која низ солзи рекла дека не може да верува што се случила. Нејзиниот друг син страдал во 21. година од животот и сега се радува што Радомир останал жив.
Таа кобна вечер со Радомир во кафулето била и неговата сестра Јелена која исто така е во болница поради претрпениот шок.
Според зборовите на бабата, таа вечер сите седеле во кафулето кога одеднаш се слишнало пукање. Кога Јелена се свртела, Радомир лежел во локва крв, а недалеку од него била неговата крвава патика. Брзо му притрчале на помош две лица, кои извадиле ремени од панталоните и му ги подврзале нозете на Радомир.
Тој е еден од првите што е префрлен во болницата во Зрењанин.
Бабата е среќна што нејзиниот внук преживеал зошто само чудо го спасило од пукотниците кои одзедоа пет човечки животи. Во неговото место уште три семејства беа погодени од трагедијата, зошто нивните деца се уште се во болница по страшниот масакр на 2. јули.
Ново на Сител
-
Кривични пријави против Вучиќ, Брнабиќ и Вучевиќ
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче: СДСМ се подготвени за избори
-
Меџити: Има стабилно мнозинство, предвремени парламентарни избори се само трошок за државата
-
Следната година нов закон за студентски стандард
-
Меџити во посета на депонијата Дрисла
-
Вработените во „Царинскиот терминал“ денеска излегоа на предупредувачки штрајк
-
Преглед на вестите од светот