Македонија
6. July 2021 - 16:36

Само 18 проценти од услугите на државата се дигитални

Само 18% од услугите државата ги нуди во електронска форма. Ова го покажува истражувањето на Фондацијата Метаморфозис, а поврзано со дигитализацијата во земјава. Македонија е далеку зад европскиот просек, а невладините организации детектирале и проблеми со функционирањето на едношалтерскиот систем.

Невладините сметаат дека процесот на дигитализација е неизбежен, а пандемијата само го забрза. Затоа, според нив, неопходна е правна рамка, што ќе овозможи непречено и безбедно користење на дигиталните услуги.

Резултатите покажуваат дека за една година се удвоил бројот на корисници на порталот е-услуги, од 17.000 на 35.000.

Истражувањето е дел од проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда”, кофинансиран од Европската Унија.