Самит на Процесот за соработка во ЈИЕ во Дубровник

Во Дубровник денеска се одржува Самит на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, чиј домаќин е хрватската преседателка Колинда Грабар Китаровиќ, а на кој ќе учествува и шефот на македонската држава Ѓорѓе Иванов.
Со Самитот во Дубровник и официјално завршува претседавањето на Хравстка со Процесот за соработка во Југоисточна Европа.
Како продолжение на Самитот, за утре е предвидено одржување на традиционалниот Дубровнички форум, по чииј повод вечер ќе биде организирана свечена вечера за учесниците на лидерскиот собир.
Според најавите, покрај Грабар Китаровиќ и Иванов,, на Самитот во Дубровник ќе учествуваат и претседателите на Косово, Хашим Тачи, на Словенија, Борут Пахор, на Србија, Александар Вучиќ и на Црна Гора, Филип Вујановиќ, како и бугарскиот премиер Бојко Борисов и турскиот вицепремиер Турѓул Туркеш.
Паралелно со Самитит, во Дубровник ќе се одржи и состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, на кој ќе присуствува и шефот на макеоднската дипломатија Никола Димитров.
Предвидено е на состанок да се разговара за актуелните случувања во регионот и за регионалната соработка од аспект на зачувувањето на стабилноста во Југоисточна Европа.
Ново на Сител
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
-

АХВ продолжува со вонредните инспекциски контроли на зелените пазари - запленети уште 5 тони небезбедна храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски најави 8 денари помош за килограм откупена арпа
-

Премиерот Мицкоски очекува убедлива победа во вториот круг во Брвеница
