Самит на малите земји - нови трендови во бизнисот
Стопанската комора на Македонија најавува конференција за современите трендови во бизнисот како „блокчеин“ технологијата, „краудфандинг“ моделите на алтернативно финансирање, роботиката и автоматизацијата, иднината на „крипто-светот“, но и етичката страна на дигиталниот пазар.
Конференцијата на тема „Самит на малите земји - нови трендови во бизнисот“, ќе се одржи овој петок во Скопје, а поканети се претставници од приватниот сектор, државата и научната фела.
Акцентот на дискусијата, освен на дигитализацијата, ќе биде ставен и на меѓународните бизнис релации, како и на „старт-ап“ иновативните бизниси.
- Имплементацијата на новата технологија во работењето на компаниите од т.н. мали земји им нуди неограничени можности. Достапноста до светскиот пазар ги доведува во скоро еднаква позиција со најголемите играчи во секторот и придонесува за зголемување на нивната конкурентност, велат од Комората и додаваат дека зголемената конкуренција на глобалниот пазар бара соодветна реакција од компаниите и нивно постојано приспособување на новиот начин на работа.
Од конференцијата се очекуваат конкретни заклучоци.
- Целта е да предочиме на новите трендови во бизнисот, како и на приспособувањето на современите услови со цел континуиран пазарен успех. Конференцијата треба да придонесе за подобрување на бизнис врските преку користење современа технологија, како и визија за правецот на движење на бизнис секторот во иднина, со посебен акцент на „краудфандинг“ моделите и иднината на „крипто-светот“, како и на етичките аспекти од воведувањето на новите технологии во бизнисот, потенцираат од Стопанската комора.
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата