Саљији: Ако има сомнежи за „Дива населба“ ќе бидат ангажирани меѓународни експерти
За сите случаи за кои постојат одредени сомневања за нерегуларности, односно докрај не се расветлени, Владата ќе вклучи меѓународни експерти од одредени области со цел за нивно расветлување, изјави министерот за за правда Билен Саљији, одговорајќи на новинарско прашање за барањата меѓународна експертска група да го истражи случајот „Дива населба“.
- Министерството за правда согласно неговите ингеренции како составен дел од Владата на Република Македонија активно ќе помага во тоа, рече Саљији по презентацијата на Извештајот за соработката меѓу Академијата за судии и француската ЕНМ во Француската амбасада.
Францускиот амбасадор Кристиан Тимоние смета дека решенијата треба да се бараат првенствено во внатрешниот правосуден систем во Македонија.
- Јас како набљудовач можам да ви кажам дека ги следиме сите аспекти од тоа прашање. Од она што го читаме од медиумите дека се бара своевидна ревизија на судската ослука, милам дека тоа е можност која е отворена. Но, пред да бараме да се решаваат прашања во меѓународни рамки, треба да се обидеме да ги решиме во постоечкиот правосуден систем, истакна Тимоние по презентацијата на Извештајот за соработката меѓу Академијата за судии и француската ЕНМ во Француската амбасада.
Ова, како што наведе, го изјавува под апсолутна контрола на министерот за правда, затоа што, посочи, би било мошне непријатно доколу тој лично би се мешал во работи кои се доста деликатни.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај