Македонија
14. March 2022 - 15:46

Сали: Неколку болници означени како „црвени зони“ за евентуален бегалски бран од Украина

 Состојбата со евентуален бран на бегалци од Украина засега е мирна, вели во интервју за МИА министерот за здравство Беким Сали, во врска со евентуалните стравувања за зголемувањето на бројките на новозаразаени со Ковид-19, доколку бегалскиот бран се прелее во Северна Македонија.

Околу 2,7 милиони бегалци досега ја напуштиле Украина. Неодамна Меѓународната федерација Црвениот крст и Црвената полумесечина (ИФЦР) изразија загриженост дека војната во Украина би можела да доведе до зголемување на бројот на новозаразени со Ковид-19 како во Украина, така и во нејзините соседни земји. Северна Македонија не е сосед, но сепак надлежните кај нас повеќе пати нагласуваа дека се подотвуваат за евентуален бран бегалци.

- Досега немаме ни најава за доаѓање, за пристигнување на некој одреден број на мигранти. Меѓутоа, сепак ние како Министерство сме организирани и спремни за пречекување. Неколку болници сме ги назначиле како „црвени зони“, односно точки каде што би можеле да пристапуваат евентуално новодојдените мигранти и сметам дека сме доволно спремни за пречек, нагласува Сали за МИА.

Ново на Сител