Салах Абдеслам за неколку недели ќе биде екстрадиран во Франција
Екстрадирањето на осомничениот за терористичките напади во Париз, Салах Абдеслам од Белгија во Франција веројатно „ќе потрае неколку недели“, бидејќи истражните органи го испитуваат за минатомесечната престрелка со полицијата во Брисел, изјави адвокатот на осомничениот Свен Мари.
- Тој ќе биде екстрадиран во Франција за неколку недели. Прво треба да биде сослушан во врска со друго дело, истакна Мари, мислејќи на престрелката од 15 март во која бил вмешан Абдеслам.
Белгиски суд на 31 март донесе одлука Абдеслам да биде екстрадиран во Франција. Тој изјави дека сака да соработува со француските власти и Белгија да го екстрадира во Франција.
Абдеслам од 18 март се наоѓа во притвор во Бриж. Тој е поврзан со неколку лица кои се вмешани во терористичките напади во белгискиот главен град и е еден од главните осомничени за нападите во Париз на 13 ноември минатата година, во кои загинаа 130 луѓе.
Ново на Сител
-
20 заглавени возила во Маврово и Попова Шапка, меѓу кои и возило на Пожарна
-
Семејство со две деца заглави во снегот на локалниот пат околу Мавровското Езеро
-
Гренел: Итна истрага за експлозијата на каналот Ибар-Лепенец
-
РКЕ утре се очекува да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од јануари
-
Прегазен 60-годишен пешак во Јегуновце
-
Делчево: Тешко повреден млад возач кој удрил во паркиран автомобил
-
19-годишник со „тојота“ прегазил пешак
-
Хамас соопшти дека е подготвен да разговара за прекин на огнот во Газа