-->
-->
Сакскобургготски: Целта на ЕУ е да се прошири во границите на Европа со Македонија како дел од неа
-->

Целта на Европската Унија е да се прошири во границите на Европа, со што држави како Македонија, Албанија, па дури и Босна и Херцеговина ќе станат дел од таа заедница, смета поранешниот бугарски премиер Симеон Сакскобургготски.
Во изјава за БГНЕС, тој вели дека не би требало да се променат правилата за пристапување во ЕУ за земјава и за Албанија, бидејќи нивната промена може да се протолкува на негативен начин.
Сакскобургготски наведува дека историјата има големо значење за современата дипломатија, додавајќи дека повторувањето на историските грешки е резултат „на недостиг на знаење или на неопходните информации“.
– Обединета Европа е единствениот начин преку кој Бугарија може да ги заштити своите интереси, истакнува Сакскобургготски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вознесение Христово - Спасовден
-

Брисел и Лондон го осудија односот на израелските власти кон приведените активисти за хуманитарна помош за Газа
-

Васоски: Заслужена победа, постигнавме гол во вистинско време
-

Мерц предлага „придружено членство“ за Украина во ЕУ
-

Без вода дел од жителите на Центар
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Кратово слави, го освои Купот на Македонија!
-

Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
