Сакате бели заби - Отсега безбојно кафе
Кафето за кое се повеќе се зборува, нема поинаков вкус туку изглед - тоа е безбојно. Неговиот пронаоѓач се надева дека клиентите ќе ги најде меѓу загрижените за бојата на нивната забна глеѓ.
Словачкиот претприемач Дејвид Наги сакаше со неговиот производ да ги задоволи оние кои не можат да се оокажат од вкусот и мирисот на традиционалното кафе, но кои се загрижени за здравјето на нивните заби. Наги е страстен кафепиец, па сакаше да најде алтернативно решение за белеење на забите.
- Идејата да направам безбојно кафе ми дојде пред две години. Сакав да ја отстранам бојата која ја нарушува забната глеѓ, објасни Наги.
За неговиот производ тврди дека е близок до традиционалното кафе и дека многу се разликува од енергетските пијалоци.
- Во неа има само природни состојки, не се користат никакви хемикалии или додатоци, само она што е во обичното кафе. Безбојното кафе соодржи пржени зрна, вода за пиење и квалитетен кофеин од кафени зрна. Во неа нема шеќери и засладувачи или арома, рече Наги.
Ново на Сител
-
Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија
-
Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје
-
Пожар во стан на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје - Седум лица вдишиле чад
-
Папата побара прекин на огнот во Газа за време на телефонски разговор со Нетанјаху
-
Пијан скопјанец отстранет од патот Охрид-Кичево - бил однесен во болница, па во притвор
-
Коњановски ги демантира наводите на социјалните мрежи: Казната ја платив веднаш | ФОТО
-
Рама: Секојдневно се соочуваме со кибер-напади од Иран
-
Продолжен притворот за напаѓачот на градоначалничката Арсовска