Сакале да го фрлат стариот телевизор, но кога случајно погледнале што има во него - останале во шок!
Маж од Канада (68) бил изненаден кога властите му вратиле повеќе од 71.900 евра во кеса. Парите биле откриени во стар телевизор.
Работници во фабрика за рециклирање ги откриле парите минатиот месец во телевизор кој бил наменет за рециклирање, пренесува CTV NEWS. Оваа фабрика која се наоѓа во Онтарио соопштила дека веднаш ја известила полицијата.
Властите откриле дека парите биле изгубено наследство на овој човек.
Парите биле скриени во една кутија заедно со документи, што била олеснителна околност на полицијата да го пронајде човекот.
Човекот за CTV NEWS изјавил дека заборавил на парите кога го дал телевизорот на пријател.
Парите биле сокриени пред 30 години и биле наменети за членови на семејството како наследство.
Директорот на компанијата се заблагодарила за искреност на работниците и додала дека очекува вакво однесување од сите вработени.
Ново на Сител
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Вештачката интелигенција од септември ќе се применува во средните училишта во Македонија
-
Детска болница Козле доби вода
-
Болницата во Козле и денеска без вода – од Водовод велат проблемот е на болницата, не нивен
-
Продолжен рокот за пријавување на волонтери за гаснење пожари
-
Мицкоски предлага заедничка резолуција на Бугарија