Сакала да има 450 килограми, но плановите и се изјаловиле поради бременост

Моника Рајли (28) од Тексас, сакала да стане најдебела жена на светот, но една непланирана вест сепак и ги променила плановите.
Таа имала желба да достигне тежина од 450 килограми, па дневно внесувала по 7.000 калории. Некогаш тој број достигнувал и до 8.000. На ден јадела по десет хамбургери, 30 пилешки медаљони, шест колбаси во пециво, тестенини, сладолед, колачи...
Вереникот и помагал во исхраната, хранејќи ја со лажица.
- Целта ми е да достигнам тежина од 450 килограми. Сакам да бидам најдебелата жена на светот и да станам неподвижна, да се чувствувам како кралица, изјави тогаш Рајли.
Но, нејзините планови се променија кога дознача дека е бремена. Сега, Моника се труди да ослабе, за да успее да се носи со улогата на мајка.
За десет недели изгубила 90 килограми и се пофали дека со самото тоа сексуалниот живот и е подобар. Пред оваа бременост, Моника имала два спонтани абортуси.
- Сфатив дека моите прехранбени навики се ужасни и чувствував вина поради абортусите. Откако дознав дека сум бремена, знаев дека морам да променам се од корен. Почнав да внимавам што јадам, вежбав и се грижев за своето тело, изјави таа.
Моника сега дневно внесува 2.000 калории и тврди дека сега сфатила дека сака здрава храна, како овошје, зеленчук и житарици. Истакна и дека планира детето да го храни здраво, за да биде среќно и активно.
Нејзиниот вереник Сид изјави дека во Моника е заљубен како првиот ден и дека него килажата во никој случај не му била важна.
Ново на Сител
-

Мемеди за Сител: Викендов се очекуваат три чартер лета за евакуација на Македонците од Емиратите
-

Безбедносната состојба стабилна – можни притисоци врз цената на горивата
-

ЕКРИ: Потребна е финасиска автономија на КСЗД и Народниот правобранител
-

Доцни тендерот за лекови за ретки болести
-

Повторно блокади на граничните премини?!
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжи судењето за „Пулс“
-

Седница на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата
