Сахарска прашина ќе помине над Балканот
Во следните 24 часа се очекува облак од прашина од африканските пустини да го помине Балканот. Феноменот е вообичаен кога топол воздух циркулира од Средоземното Море. Концентрацијата на прашина во среда ќе биде највидлива во долниот дел од атмосферата над западната половина од Балканскиот полуостров.
Видливоста ќе се подобри кон крајот на неделата кога се очекува да помине студен атмосферски фронт со засилен западен ветер. Ќе има краткотрајни локализирани врнежи од пролетен тип – со силна активност на грмежи и потенцијал за појава на град.
На почетокот на април се очекува значителен пораст на температурите во балканскиот регион.
Последните денови од март и првите денови од април ќе бидат сончеви и топли.
Од петок до недела нема да има врнежи, а температурите ќе бидат околу и над 25 степени.
На самиот почеток на април температурите ќе достигнат околу 30 степени, најавуваат метеролозите од регионот.
Ново на Сител
-
Се повеќе деца повредени со електрични тротинети
-
Заврши рехабилитацијата на повредените од „Пулс“ на Пониква
-
Жителите на Ново Село повеќе нема да патуваат и по 40 км за дежурен лекар
-
За младите да се задржат во општините мора активно да учествуваат во креирањето на локалните политики
-
Мицкоски најавува реконструкција на владата после локалните избори
-
СДСМ: Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ - четири години разочарувања
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО