Сагарц ја реафирмираше поддршката на македонските евроинтеграции
Европратеникот Кристијан Сагарц на денешната средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја реафирмираше поддршката на нашите европски интеграции од страна на Европската народна партија (ЕПП), но и воопшто, во рамки на Европскиот парламент.
Подвлече дека оваа институција ќе продолжи да биде вокален поддржувач на Република Македонија и на нужноста од брзо почнување пристапни преговори и дека неговиот моментален капацитет ќе биде ставен во функција на придвижување на оваа цел.
Како што соопшти МНР, на средбата беа разменети мислења и видувања за политиките на проширување на ЕУ, нашето портфолио и за улогата на Европскиот парламент и заедничките напори за суштински пробив во процесите на интеграција.
Министерот Османи ја подвлече извонредно важната улога на Европскиот парламент во промоцијата на европската интеграција како важна политика на ЕУ и како институција која во континуитет ги поддржува политичките аспирации, напорите и очекувањата на Република Македонија (и земјите од нашиот регион) за видлива и опиплива европска перспектива.
-Европскиот парламент е докажан пријател на нашата земја. Поддршката која ја добиваме од разните политички групи е конзистентна, континуирана, но и аргументирана. Реформскиот напредок во последните години е плод на политичка волја, партнерска поддршка, но и верба во европските вредности од страна на нашите граѓани. Ваквиот наратив мора да се негува и да понуди нова енергија за општествена трансформација и реализација на нашата европска агенда . Поддршката од Европскиот парламент и од најбројната политичка група во оваа смисла е значаен катализатор, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Европратеникот Сагарц кој е во иницијална посета на Република Македонија откако ја презеде должноста известител во сенка (на ЕПП) за нашата земја.
Ново на Сител
-
Чесите од воздух, Словенците од земја – стигна помошта од странство
-
Меморијален парк во чест на загинатите во модуларната болница
-
Висар Ганиу најави тужби за Данела Арсовска – Изет Меџити не кажа во која општина живее
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и треба обвинителство кое ќе се справи со криминалот и корупцијата
-
Цената на парното останува иста
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пожарите се подметнати
-
Синдикатите, работодавачите и владата седнуваат на заедничка маса